еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Пратеничката на СДСМ Калеска Ванчева го утна името и функцијата на претседателот на украинскиот Парламент

Пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева го згреши иденитетот на претседателот на украинскиот Парламент, Руслан Стефанчук, но и функцијата, во објава на Фејсбук, што предизвика лавина од реакции.

-Средба со Олександар Турчинов, спикер на Врховната рада, кој воедно ја извршува привремено и функцијата Претседател на Украина, во рамките на студиската посета за демократски развој на шведскиот Ригсдаг, напиша Калеска Ванчева првично на Фејсбук.

Претседател на Украина како што е познато е Волдомир Зеленски.

По реакциите таа ја смени објавата и напиша: „Средба со Руслан Стефанчук, спикер на Врховната рада на Украина, во рамките на студиската посета за демократски развој на шведскиот Ригсдаг“.

И Собранието го “утнало“ името и презимето на украинскиот спикер.

На официјалниот сајт на Собранието стоеше: „Од галеријата на Пленарната сала на Риксдагот, членовите на Делегацијата на Собранието ќе имаат можност да го проследат обраќањето на Руслам Стефаничук, претседател на Парламентот на Украина кој ќе се обрати на пратениците на шведскиот парламент.“

Фото: Калеска Ванчева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна судењето против министерот Османи за навреда и клевета

Редакција

Декларацијата за Гоце Делчев поднесена во Собранието не враќа назад во процесот на преговори, вели Османи

Редакција

Голем успех за македонските судии: Начевски и Николов ќе го судат финалето на Европското првенство во ракомет

Редакција