еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ најави дека ќе се повлече од лидерската позиција во владејачката СНС

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа на митингот „Србија на надежта“ во Белград најави дека ќе се повлече од лидерската позиција во владејачката Српска напредна странка (СНС).

-Ова е последна вечер што Ви се обраќам како претседател на СНС, утре некој друг ќе ја преземе мојата, ваша, наша Српска напредна партија, чиј член ќе останам, рече Вучиќ.

Тој рече дека утре ќе биде претседател на сите граѓани на Србија, а не претседател на политичка партија.

-Поради кризата во која се наоѓаме, а ќе барам СНС да биде стожерот на сето ова, почнуваме да го формираме Движењето за народот и државата, за да имаме база, поддршка и основа за зачувување на нашата држава во следните две-три кризни години, кои се одлучувачки за иднината на Србија, рече Вучиќ и посочи дека додека е жив власта ќе се избира на избори и по волја на народот, а не улица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Голем митинг за подршка на Вучиќ во Белград

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помеѓу загинатите во авионската несреќа во Етиопија и државјанин на Србија: Хуманитарец со големо искуство

Редакција

„Енерџи актив“ го доби милионскиот тендер на Македонски железници – Транспорт за набавка на струја

Редакција

(Фото) Офицерскиот дом во Битола блесна во полн сјај

Редакција