еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

БДП во првиот квартал пораснал за 2,1%

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година забележа раст од 2.1 %, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во првото тримесечје од 2023, поголем пораст е забележан во секторите – Градежништво од 12.7 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје, номинално расте за 14.8%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69.0%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.7%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 1.4%.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите, покажуваат податоците на ДЗС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова прв македонски филм сниман по протоколи за Ковид-19

Редакција

Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за половина денар

Редакција

(Галерија) Србија покажа какво оружје има

Редакција