Министерот за здравство Фатмир Меџити не сакаше да ја коментира пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, а 12 беа повредени, но истакнува дека се преземаат мерки да не се повторат такви случаи во иднина.
– Нема да коментирам одлуки од судски процес, ниту тоа што било во Обвинителство. И јас како вас жалам и изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, многу жалам за овој настан и затоа се стремиме овие настани да се минимизираат и да не се случуваат во иднина.
Од првиот ден заедно со тимот презедов мерки за сите проблематични и модуларни болници и проблемите со клиниките што не се довршени – Клиничка болница Штип, реновирање во Битола, тоа што не се гради во Кичево 30 години…
За сите работи сме презеле мерки и сакаме законски да се расчистат за да можеме што побрзо во најкраток можен рок да доградиме. Пациентите ни се пред се, изјави Меџити на новинарско прашање по посетата на Клиниката за ендокринологија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: МЗ