еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Скопје денеска состанокот на лидерите од Западен Балкан, еве кој се дојде во Македонија

Во Скопје денеска ќе се одржи состанок на лидерите од Западен Балкан, посветен на Планот за раст усвоен од Европската комисија.

Во Македонија за истиот пристигнаа српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спаиќ, на Косово, Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџич, Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

На средбата ќе учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и нивните колеги од земјите од Западен Балкан.

Дополнително, ќе присуствуваат и претставници од Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, УСАИД, Фондацијата отворено општество, Центарот за Европа, Атлантскиот совет, како и повеќе меѓународни финансиски институции како што се Европската инвестициона банка, Европската банка за обнова и развој и Светската банка.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во новата година уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива

Редакција

Захариева: Враќањато на српскиот јазик во училиштата покажува дека не се раскинати врските меѓу Скопје и Белград

Редакција

Трајковски без коментар за фотографијата со Груевски во Будимпешта

Редакција