еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Одземени трите малолетни деца на мајката, чие четиригодишното девојче со рани и скршени ребра заврши на Детската клиника

Одземени се трите малолетни деца на мајката од Струмица, чие четиригодишното девојче со рани и скршени ребра заврши на Детската клиника во Скопје.

Мајката тврди дека девојчето било повредено при напад на куче, а истражните органи проверуваат дали тоа е вистинската причина.

Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за телевизијата Телма велат дека децата добиле старател по службена должност.

Тим од Центарот за социјални работи излегол на терен при што утврдил дека децата привремено се згрижени кај дедото, а отпочната е процедура за сместување во згрижувачко семејство.

Од МТСП, за телевизијата велат дека семејството не е евидентирано во систем, бидејќи привремено престојувале во Струмица и немале лични документи, па не остваруваат ниту права од социјална и детска заштита.

Девојчето првично беше примено во болницата во Струмица, по што беше испратено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четиригодишно дете донесено на Клиника, претепано и со рани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЛДП останува во Владата и дава поддршка на идниот мандатар

Редакција

Што ги предомисли пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ, Александрова и Исмајловска да гласаат „за“

Редакција

Болниците се полнат со заразени од корона вирусот

Редакција