еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Болниците се полнат со заразени од корона вирусот

Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четири пациенти заболени од корона вирусот.

Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 48 пациенти, а еден е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и седум пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум пациенти. Вкупно хоспитализирани се 95 пациенти од кои на респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 90 лица кои боледувале од корона вирусот

Нови 74 случаи со Ковид-19 од 689 тестирања, најмногу во Гостивар

Починаа уште три лица од корона вирусот, вкупно 500

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да издаде конечен томос за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА

Редакција

Кој ќе ги замени Спасовски, Шекеринска и Царовска во Собрание?

Редакција

Град Скопје бара агенција за привремени вработувања

Редакција