еМагазин
Image default
Локално

Во Градски парк се сечат дрвја, од Паркови и зеленило велат дека се суви

Деновиве екипите од Секторот дрвореди вршат акција на отстранување и кастрење на сувите дрвја и гранки во вториот дел на Градски парк, информираат од таму.

„Дрвјата кои се отстрануваат се целосно суви и постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета, а оние што се за кастрење имаат суви гранки што се опасност за посетителите на паркот.

Освен што овие дрвја се суви и со надмината физиолошка зрелост, тие претставуваат опасност за ширење на габи и инсекти коишто можат да се пренесат на околната вегетација.

Акцијата ќе продолжи и во текот на наредната недела,“ се вели во соопштението, откако во јавноста се појавија информации дека во Градски парк се сечат здрави дрвја.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата го пронајде малолетникот кој избега од дома по семејна расправија

Редакција

Обвинителство предлага психијатриско лекување: Момчето од Драчево кое си ја уби бабата ималo трајна душевна болест

Редакција

Уште пет деца и еден возрасен со клиничка слика на мали сипаници

Редакција