Влезот на Охрид е затворен, а патниците пред почетокот на туристичката сезона, се пренасочуваат по стариот пат.
Од Автомото сојузот на Македонија информираа дека поради реконструкција на коловозот, сообраќајот на патниот правец Подмоље-Охрид на магистралниот пат А3, од вчера е пренасочен преку регионалниот пат Р-1208.
На Фејсбук за оваа одлука на централната власт реагираше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
“Ова на Охрид шо му го прајте немат смисла… Ниту идеја, ниту желба уш помалце реализација…
7 години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, пат кој нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој ќе го создадете е неминовен..
Заради тоа што не сакавте да не испочитувате и не ви беше битно тоа што Општина Охрид беше против затворање на влезот во Охрид во овај период, негативно мислење од Општина Охрид, негативно мислење од СВР Охрид и си издадовте сами на себе дозвола за пренасочување на сообраќај, сега јавно го повикувам министерот за транспорт, министерот за внатрешни работи и премиерот, да ја сменат одлуката и да овозможат нормален проток на возила во тек на туристичката сезона, а по завршување на сезоната да отпочнат со градежните активности…
Без разлика што не почитувате локална самоуправа, во неколку наврати го докажавте тоа и исто во неколку наврати низ годиниве влечите одлуки директно на штета на Охрид, овде сепак треба да покажите чувство и ова лудило веднаш и одма да прекине да важи!“, пишува тој.
Видео: shilomagazine.com.au