еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бајден ја продолжи важноста на уредбата за вонредна состојба на Западен Балкан

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека во согласност со Националниот закон за вонредни состојби, останува на сила указот за вонредната состојба на Западен Балкан.

Тој синоќа посочи дека е неопходно да се продолжи вонредната состојба прогласена со Извршната наредба 13219 за Западен Балкан.

„Актите на екстремистичко насилство и опструкционистичка активност, како и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, наведени во овие извршни наредби, продолжуваат да претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, изјави Бајден во пораката до Конгресот, објавена на веб-страницата на Белата куќа.

Според соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа, извршната наредба првично била потпишана на 26 јуни 2001 година, а потоа била изменета со Извршната наредба од 28 мај 2003 година, за подоцна да биде проширена според Извршната наредба 14033 и останува во сила по 26 јуни 2023 година.

МИА/Фото: Бајден/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остра осуда од Ковачевски за протестот против „францускиот предлог“

Редакција

(ВИДЕО) На 74-годишна возраст почина пејачот Мит Луоф

Редакција

(Видео) Ќе падне ли Киев под опсада: Руски воен конвој, долг повеќе од 60 километри се движи кон главниот град на Украина

Редакција