Од Македонската берза информираат дека на 26.06.2023 година Берзата изврши бришење на издавачот Мермерен комбинат АД Прилеп од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на Друштвото од страна на преземачот Долит Инвестментс АД.
-Мермерен комбинат АД Прилеп беше внесен на 28.04.2023 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот Долит Инвестментс, велат од Берзата.
Од Друштвото пак преку Берзата информираа дека Мермерен Комбинат е известен од понудувачот Долит Инвестментс, дека е добиено решение за успешност на понудата за превземање од Комисијата за хартии од вредност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Долит Инвестментс ги презеде сите акции на Мермерен комбинат
Мермерен комбинат и официјално има нов сопственик
Фото: Мермерен комбинат