еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сончево и топло време денеска, до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 31 степен.

Утре кон крајот на денот ќе има дестабилизација со локален пороен дожд и грмежи.

Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а од петок температурата повторно ќе биде во пораст.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Османи и неговиот украински колега си разменија дресови

Редакција

Блаже Сапунџиев од Кавадарци, кој со години бил на дијализа доби бубрег од Верица Белчовска

Редакција

Од грип починал 45-годишен маж од Неготино

Редакција