еМагазин
Свет

Италија ќе воведе забрана за работа на продавниците во недела

До крајот на годината, новата италијанска Влада ќе воведе забрана за работа во недела во големите трговски центри.

На овој начин, Владата се обидува да ја заштити традицијата на семеен собир во недела, изјави вицепремиерот Луиџи Ди Мајо.

Извршниот директор на трговскиот синџир „Конад“, Франческо Пуљезе реагира дека забраната ќе доведе до околу 50.000 откази.

– Истовремено, ќе се засили интернет продажбата, што негативно ќе се одрази и на големите и на малите трговци. Забраната за работа во недела во време кога светот оди во друга насока е смешно. Секогаш ме загрижува кога државата ќе почне да кажува кога треба да се купува, рече Пуљезе.

Се проценува дека најмалку 19,5 милиони Италијанци купуваат во недела и тој ден, според анализите, е втор најисплатлив во неделата.

Сегашното законско решение им овозможува на трговците самостојно да ги одредат работните часови во неделите, во зависност од побарувачката.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Москва го забави темпото на офанзива, велат од украинската војска

Редакција

Генералниот секретар на ОН, Гутереш: Запрете ги војните, да се бориме против коронавирусот

Редакција

Нова ера на унгарско-американската соработка во областа на напредните технологии

Редакција