еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Маж во Сисак уби жена, тешко повреди четири лица, запали куќи и автомобили

Во Сисак, Хрватска едно лице пукаше од калашњиков врз група луѓе, при што уби едно лице, а неколкумина рани. По пукањето напаѓачот со часови бил во бегство, а синоќа нешто по 1 часот по полноќ бил уапсен.

-Маж кој е поврзан со пукањето во областа Сисак е уапсен, тој е донесен во службените простории на полицијата и против него ќе се води кривична истрага, соопшти хрватската полиција.

Во престрелката е убиена 45-годишна жена, додека четири лица се ранети. Лекарска помош им е укажана во Општата болница Сисак, каде е констатирано дека се тешко повредени. Медицинска помош им била укажана на две лица, меѓу кои и едно дете, кои биле полесно повредени додека бегале.

Во наведениот настан целосно опожарени се две семејни куќи и еден автомобил, а делумно опожарени една куќа и еден автомобил, соопшти полицијата.

Според хрватските медиуми станува збор за маж на околу 60 години кој имал психички проблеми. Насилникот наводно дошол во куќата на соседот, пукал кон нив и запалил две куќи на соседот.

Пукањето се случило во близина на рафинеријата во Сисак. Засега нема официјални информации зошто напаѓачот пукал врз луѓето.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ако мене ме гонеа, и Вас ќе ве гонат“: Значението на Велик Петок-најтешкиот и најтажниот ден, поради Христовите страдања

Редакција

СВР-Битола апелира на внимателност заради измами со откуп на злато

Редакција

Граѓаните досега донирале 31,3 милиони денари за настраданите во Турција и Сирија, еве како да помгнете

Редакција