еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Како би изгледала Македонија после апокалипса: Објавен трејлерот за филмот „М“

Објавен е трејлерот на новиот филм во режија на Вардан Тозија, „М“, еден од првите македонски филмови со постапокалиптична тематика.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8-годишниот Марко, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка.

Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски.

Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ-Вејзови.

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе години работиме успешно на македонскиот пазар, велат од Пан Интертрејд, која заедно со ЕДС учествуваше на повикот за универзален снабдувач на струја

Редакција

СЗО: Нема докази дека новата варијанта на коронавирусот која се појави во Британија е поопасна

Редакција

Нови 1.342 случаи на Ковид-19 од 3.399 тестирања

Редакција