еМагазин
Image default
Бизнис

Убава вест за акционерите во Македонски телеком: Исплата на дивиденда на 26 септември

Македонски телеком преку Македонската берза соопшти дека исплатата на дивидендата за 2017 година ќе се изврши на 26.09.2018 година.

Дивидендата за 2017 година е утврдена на износ од 1.584.850.714 денари или бруто износ од 18,37 денари по акција (заокружено на две децимали), во кој се вклучени сите даноци, каде што е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно со важечката даночна регулатива во Република Македонија на датумот на исплатата.

„Сите акционери кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на 17.05.2018 година имаат право на дивиденда за 2017 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2017 година е 15.05.2018 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2017 година е 16.05.2018 година“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на „М.Ж. Транспорт“ за набавка на дизел и нафтени деривати вреден 3,2 милиони евра

Редакција

Радијата Антена 5, Канал 77 и Метрополис лани работеле со добивка, Јон со загуба

Редакција

Аутомакедонија со зголемена добивка во првиот квартал

Редакција