Информацијата за убиството на Орхан Бајрами Оки (39) во Ханиоти, Грција е топ тема во македонската, но и кај грчката јавност.
Македонските медиуми пишуваат дека тој е неформален водач на кланот „Дуќанџик“ и дека станува збор за мафијашка ликвидација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Убиството на Орхан Бајрами Оки било најавено на Тик-Ток
Агенцијата Макфакс објави дека тој и е познат на македонската јавност како дел од мафијашкото подземје и дека бил инволвиран во неколку вооружени инциденти.
Познат е и за македонската полиција.
-Пред неговото убиство, во март годинава, беше убиен негов близок пријател, Јетон Кривањева Жила, во Старата скопска чаршија. Слично како и убиството на Оки, и во случајот на Жила, убиството беше извршено од неколку лица кои со автоматски пушки влегоа во кафуле и пукаа. Жила, исто како и Оки, важеше за еден од главните водичи на „Дуќанџик“.
Пред 14 години, исто така во јули месец, беше убиен Агим Шерифи од Синѓелиќ, кој пак е вујкото на сега ликвидираниот Орхан Бајрами Оки. Шерифи беше фрлен во депонија. Роднинската врска меѓу нив двајца е преку сестрата на Шерифи, чиј внук е Оки.
Групата чиј неформален водич беше Орхан Бајрами Оки, се поврзуваше и со пукањето во хотелот „Александар Палас“. Додека членови на „Дуќанџик“ седеа внатре, непознати напаѓачи пукаа кон хотелот.
За сите овие убиства, досега, нема ниту осомничени, ниту осудени сторители, пишува Макфакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат идентитетот на бизнисменот од Скопје кој е убиен во Ханиоти и на неговиот ранет пријател
Фото: Фејсбук