еМагазин
Image default
Балкан

Вархеји утре во Тирана на неформален состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан

Утре во Тирана ќе биде одржа неформален состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан, во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 16 октомври во албанскиот главен град.

На состанокот најавено е присуство и на комесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји.

– Средбата ќе се одржи во понеделник напладне околу 12 часот во владината вила 30. До денес единствено не е потврдено присуството на косовскиот премиер Албин Курти, јави АБЦ њуз.

Таа средба Рама ја најави за време на неодамнешната дводневна балканска турнеја, во чии рамки ги посети Скопје, Приштина, Подгорица, Сараево и Белград.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тегелтија: Се надевам дека ова е последниот самит на Отворен Балкан, на кој Босна и Херцеговина доаѓа како гостин

Редакција

Хашим Тачи ќе поднесе оставка ако нема промени на границата на Косово

Редакција

(Видео) Четири деца на возраст од шест месеци до пет години загинаа во пожар во Нови Пазар

Редакција