еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Најмалку 26 лица: Расте бројот на починати во земјотресот во Турција и Грција

Во силниот земјотрес што вчера го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос, загинаа најмалку 26 лица, а над 800 беа повредени.

Спасувачките екипи пробиваат бетонски блокови од урнати згради во потрага по преживеани во Измир, третиот по големина град во Турција, кој беше најмногу погоден од земјотресот.

По првиот, најсилен земјотрес од речиси седум степени, следеа околу сто помали, од кои најмалку 16 беа посилни од четири степени, а таа област ја зафати „мало цунами“.

Најмалку 24 лица загинаа во Измир, вклучително и една постара жена која се удави, соопшти турската служба за вонредни ситуации (АФАД).

На Самос, двајца тинејџери загинаа откако се урнал ѕид врз нив, а дваесетина лица биле повредени. Двајца од повредените, меѓу кои и 14-годишно момче, се пренесени во Атина, а седуммина се хоспитализирани на островот, соопштија локалните власти.

Епицентарот на земјотресот, кој според Институтот Кандили бил 6,9 степени, бил во Егејското Море северно од Самос, ги погодил Турција и Грција во 14:51 часот по локално време.

Во Турција, се тресеше регионот од Егејско Море до Мраморното Море, а градоначалникот на Истанбул рече дека, иако го почувствувале земјотресот, нема материјална штета во градот. Повеќе од 3.000 спасувачи се испратени во Измир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Во земјотресот во Турција и Грција загинаа и две деца

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Измир: Најмалку 4 жртви, морето го поплави градот

МИА/Фото: Anadolu Agency via Getty images/Видео: NTV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер тежок 40 милиони денари: Кој ќе ги осигура вработените во МВР?

Редакција

„Они им ги бројат чашите, ние им ги плаќаме“: Вицепремиерот Николовски на „тапет“ на Твитер

Редакција

(ВИДЕО) Шест нови случаи на коронавирусот, вкупниот број се искачи на 18 лица

Редакција