еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Шест нови случаи на коронавирусот, вкупниот број се искачи на 18 лица

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на прес – конференција информира дека денеска биле тестирани 12 лица од коронавирсот, од кои шестмина се позитивни.

Пет лица се од Дебар, а една пациентка пристигнала од Шпанија.

Во нашата земја, како што додаде, сега има вкупно 18 пациенти дијагностицирани со оваа болест.

-Петте новозаболени пациенти се во болницата во Дебар и таму ќе се лекуваат. Таму има кадар, епидемиолог и двајца инфектолози кои што може да ги лекува овие пациенти, рече Филипче, и додаде дека сите се со лесна клиничка слика, налик настинка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Медицинарите од Дебар: „Ние сме на работа, вие седете дома“

Поради кризната состојба: Во Дебар „заглавени“ стотина жители од други градови

Министерот Филипче информираше дека Владата формирала Кризен штаб со кој ќе раководи техничкиот премиер, Оливер Спасовски, а ќе го сочинуваат министерот за здравство, за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за финансии, за образование и наука, надворешни работи, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Кризниот штаб ќе се состанува на дневна основа претпладне во просториите на Вкадата, веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

(Фото) Дебарскот пазар без пазарџии и купувачи, движењето намалено на минимум и во Центар Жупа

МИА/Видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мириса на уставни измени

Редакција

„Вардарградба“ го доби тендерот на Општина Центар за реконструкција на улица „Орце Николов“ вреден 1,2 милиони евра

Редакција

Документарниот филм за Бигорски манастир „1000 години сведок на Светлината“ ќе биде промовиран на 15 април

Редакција