Не оти не знаевме, ама уставните измени ја извадија на површина целата валкана игра на македонските политичари од сите страни, кои очигледно не се срамат да користат ама баш секакви средства за остварување на своите цели, кои во многу случаи се косат со правилата на главната цел – ЕУ.
Секако тоа не им е прв, а очигледно ни последен пат.
Веќе имавме прилика да видиме слично сценарио кога Македонија требаше да си го смени името и како тогашната власт ги доби потребните 80 пратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Излезе дека актуелни, но и поранешни функционери зад сцената си правеле математики, договарале законски измени за кривични дела за функционери, амнестии и само еден Бог знае што друго за да поминат уставните измени, кои поради лошата македонска дипломатија од бугарски станаа европски услов за да Македонија продолжи на патот кон ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Мицкоски против Груевски значи дека има 80 пратеници за гласање?“: Твитер реакции
Работава засега стигна до јавна неочекувана кавга (барем за јавноста) помеѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот Никола Груевски, по обвинувањето од страна на Мицкоски дека Груевски заедно со актуелната власт работи на поделба на партијата и власта да „ќари“ пратеници за уставните измени.
Колку е вистинска оваа јавна кавга помеѓу Мицкоски и Груевски ќе покаже времето, а она што станува појасно е дека веќе мириса на уставни измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој му даде јавна подршка на Мицкоски во Фејсбук „војната“ со Груевски
Груевски не е задоволен од одговорот на Мицкоски, бил “рекла-казала“
“Очи во очи ќе ти кажам кога ќе се видиме“, му одговори Мицкоски на Груевски