еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој му даде јавна подршка на Мицкоски во Фејсбук „војната“ со Груевски

Актуелниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот лидер Никола Груевски продолжуваат со јавното препукување преку социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мириса на уставни измени

„Војната“ на Фејсбук започна откако Мицкоски за германски весник изјави дека Груевски е во тајна комуникација со актуелната власт за поделба на партијата за да поминат уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски не е задоволен од одговорот на Мицкоски, бил “рекла-казала“

“Очи во очи ќе ти кажам кога ќе се видиме“, му одговори Мицкоски на Груевски

Мицкоски тврди дека нема поделба во партијата по тоа прашање, а интересно е да се види кој се досега му даде јавна подршка во оваа „војна“.

Меѓу првите кој му даде подршка беше градоначалникот на скопски Аеродром, Тимчо Муцунски, кој е и потпретседател на партијата.

– Претседателот Христијан Мицкоски ја има целата поддршка и доверба од мене да ја предводи политичката партија која на следните парламентарни избори ќе освои најголем број пратеници и ќе ја формира иднината влада во Македонија, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Сценариото на оската ДУИ – СДСМ и структури од поранешното раководство во ВМРО-ДПМНЕ нема да помине, уставни измени нема да има

Јавна подршка доби и од Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ

– ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посплотено, пообединето. И има зошто. Затоа што вистинскиот вмровец никогаш не поддржувал криминал, затоа што вистинскиот вмровец ја брани со срце и душа Македонија. Членството знае дека ова раководство предводено од Христијан Мицкоски секогаш ќе биде против корупцијата и криминалот, дека секогаш ќе ја брани Македонија и никогаш нема да прифати измени на уставот кои ќе наштетат на македонскиот народ.

Тоа се докажа и со последните гласања против во Собранието. Тоа што некои од власта си наоѓаат пријатели, од оние кои се прикажуваат како опозиционери и прават лични аранжмани на колективниот грб, нема да помине. Само со сплотеност и тимска работа може да има успех, како што и се случува.

Ќе завршам со спортски речник: Тимот никогаш не се напушта и кога победува, но и кога не е најдобар. За тимот се гине, тимот е пред личниот интерес. Секој еден денес може да направи разлика кој е каков тимски играч, напиша таа на Фејсбук.

Подршка стигна и од Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

-Единството во партијата мора да го зачуваме борбата за подобра Македонија мора да ја продолжиме!, напиша тој на Фејсбук

Подршка доби и од неколку пратеници, но и од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во овие можеби најтешки историски времиња за опстанокот на модерната македонска држава, ВМРО-ДПМНЕ предводена токму од Христијан Мицкоски со својот реализиран патриотизам, но и разум е единственот бедем во одбрана на националните и државни и интереси на Република Македонија, напишаа од Унијата на Фејсбук и повикаа на единство, обединување и поддршка кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и кон целото раководство на партијата.

-Единствено ВМРО-ДПМНЕ е сигурната гаранција за опстанокот на Македонија. Нема да им помине на сите оние кои од различни причини сакаат да го клекнат на колена. Стравот од силината на ВМРО е очигледна, патот е тој, целта е заедничка од сите кои си ја сакаат државата. Нема враќање назад, ВМРО-ДПМНЕ е иднината на Македонија. Да живее ВМРО-ДПМНЕ, напиша на Фејсбук пратеничката Лилјана Затуроска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мицкоски против Груевски значи дека има 80 пратеници за гласање?“: Твитер реакции

Груевски бара доказ од Мицкоски дека е во комуникација со Владата и дека го дели ВМРО-ДПМНЕ

Груевски е во тајна комуникација со Владата, тврди Мицкоски за германскиот весник ФАЦ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија притворен Хрватот Иванагиќ, осомничен во случајот против Зеќири

Редакција

(Фото) Гром изгоре четири куќи во Прилеп, нема повредени, но е голема трагедија за седуммина прилепчани

Редакција

„Макпрогрес“ Виница започна да користи енергија од обновливи извори во своето производство

Редакција