еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради кризната состојба: Во Дебар „заглавени“ стотина жители од други градови

Забраната за влез и излез од Дебар и Центар Жупа остави заглавени стотина лица, главно од гостварскиот регион и подрачјето на Река,општина Маврово и Ростуше.

Станува збор, главно за занаетчиски работници – монтери, но и лица кои биле во посета на свои роднини пријатели.

„Дел од нив ноќта ја минаа кај своите роднини и пријатели, а дел беа сместени во хотелски капацитети. За сите нив треба да помине потребната процедура“, велат од Оперативниот штаб на Дебар.

Инаку, во текот на ноќта повторно е извршена дезинфекција на деловите на градот, кои се жаришта на вирусот, а редовно се мијат улиците низ градот.

Од вчера попладне поставени се полициски пунктови на излезот кон Маврово и кон Струга, односно кај месноста Бошков Мост и кај Хидроелектраната „Шпилје“, потоа на Мелнички Мост на влезот кон Центар Жупа и кај ХЕ „Глобочица“ на излезот од оваа општина кон Струга.

„Поради состојбата со корона вирусот и мерките кои важат за општините Дебар и Центар Жупа поставена е полициска контролна барикада пред Бошков Мост што значи дека не смее да се оди за Дебар како и за селата Лазарополе, Гари, Тресонче и другите села од тоа место“, информираше градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски преку својот профил на Фејсбук.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Дебарскот пазар без пазарџии и купувачи, движењето намалено на минимум и во Центар Жупа

Спасовски: На граѓаните во Дебар и Центар Жупа нема да им фали ништо, без паника

(Фото) Оперативниот Општински штаб од Дебар држеше седница со маски

Шест лица од Дебар и еден странец во Битола се тестираат за корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претстави на МНТ од денеска ќе можат да се гледаат и онлајн

Редакција

Зимата се враќа на голема врата: Северен ветер и многу ниски температури од четврток

Редакција

Жестока дебата на седницата за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието

Редакција