еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Драги млади, не бидете себични кон дедовци и баби: Од корона вирусот се умира

Иако пролетното време носи позитивна енергија и до некаде е разбирливо што младите во земјава сакаат да бидат надвор, тие мора да земат предвид дека Македонија се наоѓа пред многу сериозни искушенија кои ги носи заканата од корона вирусот.

Тие мора да се освестат и да знаат дека во овој момент е недозволиво капацитетите на Министерството за внатрешни работи да се трошат на растерување на групи луѓе, каков што беше вчерашниот случај на Водно каде нашите помлади сограѓани решија да ја преселат забавата која вообичаено се случува во клубовите, кафулињата и дискотеките.

Уште посвесни мора да бидат нивните родители и едноставно да стават клуч за вечерни излегувања, бидејќи колку и да изгледа строга ваквата мерка, таа е за доброто на сите. Никој не вели да не се излегува во природа или на планина, но тоа никако не треба да биде во групи. Прошетајте се сами или со уште некој, но почитувајте ги препораките за заштита. Во спротивно црно ни се пишува.

Имено, во Дебар и Центар Жупа се покажа дека многу лесно може да се случи поради непочитувањето на препораките и мерките на Владата да завладее кризна состојба односно „полициски час“ на целата територија на земјата што би значело забрана за секакво излегување без соодветна причина.

И родителите и децата мора да покажат разбирање и едноставно да се стрпат и да останат дома за што побргу да се сопре заканата од корона вирусот.

Тоа што од оваа болест најмногу може да настрадаат повозрасните лица не треба да биде причина да се заобиколуваат владините мерки, туку напротив уште повеќе да се почитуваат.

Сетете се дека сите имаме или сме имале баби и дедовци, соседи и пријатели кои се во години, но и луѓе од помлади генерации со покревко здравје и за кои корона вирусот може да значи бесмислен крај. Не бидете себични!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата растера поголема група млади на Водно: Апел да се почитуваат мерките против коронавирусот

(Видео) Влошена состојбата кај една од пациентките заразени од коронавирусот, поставена е на апарат за дишење

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без паника, не очекуваме повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина, вели Мехмедовиќ

Редакција

Општина Теарце купува патничко возило за 34.000 евра

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2021: Ако се престане со вакцинирање со кинески вакцини, а немате други ќе биде катастрофа, вели доктор Пановски

Редакција