Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, изјави за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.
Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина.
– Во однос на тоа каква е состојбата, какви се симптомите, кои се евентуалните компликации, што може да се направи во насока на тоа да се превенира болеста, мислам дека од Институтот за јавно здравје излегоа со информации за тоа.
Комисијата за заразни болести апсолутно стои зад сето тоа што е направено од страна на Институтот за јавно здравје, мерките што се преземаат и препораките што се даваат, нагласи тој.
Од она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот е веројатно на пренесување преку контаминирана крв.
– Не очекуваме да има повеќе случаи, меѓутоа ова не е првпат да се јавува во државава ваков тип на заболување, зборуваме конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека го имало во минатото – го имало, дека се појавува во регионот – се појавува, дека ќе има вакви инцидентни појавувања – ќе има.
Меѓутоа тоа не значи дека сме на раб на избивање на нова епидемија што ќе ги загрози сериозно животот и здравјето, истакна Мехмедовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се симптомите на конго-кримска хеморагична треска од која е заболен вработен на Инфективна
Вработен на Инфективна позитивен на конго-кримска хеморагична треска и е хоспитализиран
МИА/Фото: МИА