еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Под мотото „Тука сме и без закон“ одбележан Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите луѓе

Под мотото „Тука сме и без закон“, Иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Северна Македонија – „ТрансФорма“, и оваа година, марширајќи се приклучи кон глобалното движење за одбележување на Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите луѓе – 31 март.

Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите луѓе – 31 март се бележи насекаде во светот со цел зголемување на видливоста на трансродовите лица, кревање на јавната свест за прифаќање на оваа заедница и поттикнување еднакви човекови, здравствени и трудови права за овие лица од страна на државата.

– Со жалење мораме да констатираме дека во нашата земја оваа заедница сè уште е една од најмаргинализираните, најстигматизираните и најдсикриминираните, така што, работењето во насока на зголемување на нејзината видливост е од витално значење, бидејќи тоа е првиот чекор кој води до прифаќање и интегрирање на трансродовите лица во општеството, изјави Лила Милиќ од „ТрансФорма“.

Таа посочи дека не може да се забележи никаков напредок или исчекор во оваа смисла и потсети на повлекувањето на предлогот на Владата за правно признавање на родот, со што, според неа, трансродовата заедница е дополнително турната на маргините.

– Иако државата декларативно се залага за унапредување на човековите права, во суштина и во пракса, прави сè да не го признае најосновното човеково право на трансродовата заедница – правото на сопствен идентитет, со што оваа заедница не е во можност да остварува какви било права во државата и има сериозно ограничен пристап до институционални услуги, вели Милиќ.

Од „ТрансФорма“ апелираат до пратениците и сите релевантни институции непристрасно и професионално да ги исполнат своите обврски преземени пред европските институции така што трансродовите лица би можеле на брз, транспарентен и лесно достапен начин да добијат усогласени документи, а со тоа и институционален третман како и сите други граѓани.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се првите 20 компании кои ќе тргуваат: Почнува со работа Македонската берза за електрична енергија

Редакција

Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж

Редакција

(Фото) Хамас уби и 24-годишен Србин

Редакција