еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж

Дали и кога поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе се јави на отслужување на затворската казна од две години за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за сега нема официјална информација, но сигурно е дека тој останува да биде пратеник.

Синоќа судските органи имаа три неуспешни обиди да го најдат и да му го врачат решението за одење во затвор.

Вчера пак поради тоа што немаше двотретинско мнозинство, Собранието не му го одзеде пратеничкиот мандат и тој како пратеник треба да влезе во затвор.

Груевски ќе зема помала плата во затвор, а ќе му тече и работниот стаж

Според Законот за пратениците, Груевски и во затвор ќе може да зема плата, која може да биде помала, поради неговото неприсуство во Собранието, а ќе му тече и работниот стаж.

Овие пратенички привилегии може да ги изгуби, ако добие затворска казна поголема од пет години, по што автоматски ќе остане без пратенички мандат.

Во тек се судења за уште неколку случаи на СЈО, во кои Груевски е еден од обвинетите.

Што пишува во Законот за пратеници?

Овие прашања се регулирани во неколку членови на Законот за пратеници:

Член 11

Ако пратеникот неоправдано отсуствува од седница на Собранието, односно од седница на работното тело чиј член е, соодветно му се намалува платата и другите лични примања и не се пресметуваат надоместоци на трошоци. Постапката и мерките од ставот 1 на овој член се определуваат со Деловникот на Собранието.

Член 17

Пратеникот ужива имунитет за времетраењето на мандатот. Пратеникот не може да биде притворен без дозвола на Собранието, освен ако бил затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Постапката во врска со применувањето на имунитетот поблиску се определува со Деловникот на Собранието

Член 27

Пратеникот нема право на плата ако му престане мандатот, доколку со овој закон или друг закон поинаку не е определено

Член 30

На пратеникот времето поминато во вршењето на функцијата пратеник му се смета во работен стаж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинарите не го дочекаа Груевски пред затвор: Судските служби не го пронашле за да му достават решение

Одбиени жалбите: Груевски треба да се јави во затвор

Груевски останува пратеник: Собранието не му го одзеде мандатот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 290 болни од Ковид-19

Редакција

Трговскиот центар „Ист Гејт“ продолжува нормално со работа

Редакција

(Фото) Springfield ја лансира линијата R[ECO]NSIDER

Редакција