еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски останува пратеник: Собранието не му го одзеде мандатот

Собранието на Република Македонија денеска не му го одзеде мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „За“ предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на имунитетот гласаа 58 пратеници, а 27 беа против.

Собраниската Комисија со мнозинство гласови во средата го препорача да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.

Денешната одлука на пратениците да му го одземе мандатот на Груевски не го одложува извршувањето на казната.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но, тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот. Од судот информираат дека од денеска тече рокот од три дена во кои Кривчниот совет треба да донсе одлука по жалбите.

Пред почетокот на денешната седница, парламентарното мнозинство не го прифати барањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ Никола Мицевски дел од дневниот ред да биде нивниот Предлог законот за амнестија на лицата обвинити, осомничени и осудени за собраниските настани од 27 април.

Мицевски рече дека дел од дневниот ред станале шест-седум закони по скратена постапката за кои не биле информирани, а не се става на седница законот што го предлагаат. Со поддршката за законот, како што рече, ќе покаже дека намерата е навистина да се работи во насока на помирување, а се друго, како што рече би било политиканство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најверојатно ќе остане пратеник: Пратениците на пленарна ќе одлучуваат за мандатот на Груевски

Иницијатива „Правда за Никола Груевски“: Со внимание ја очекуваме одлуката на второстепениот кривичен совет

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лицата кои влечеа коњ со автомобил во Скопје ќе одговараат кривично

Редакција

Драстичен раст на заразени со коронавирусот во Грција, бројот се искачи на 31

Редакција

Татко во Скопје ја тепал и запоставил малолетната ќерка, се обидел да ја прободе и со нож

Редакција