еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои се симптомите на конго-кримска хеморагична треска од која е заболен вработен на Инфективна

Вработен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е новиот случај на заболен со конго-кримска хеморагична треска во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен на Инфективна позитивен на конго-кримска хеморагична треска и е хоспитализиран

Како што информираа од Министерството за здравство (МЗ), медицинското лице имало контакт со жената на 27-годишна возраст од Штип, кој почина пред неколку дена откако беше касната од крлеж, кој и ја пренел конго-кримска хеморагична треска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

27-годишна жена од штипско починала откако ја каснал крлеж, неколку дена откако ѝ го извадиле дома

Под здравствен надзор, кој трае 14 дена од последниот контакт со пациентот се уште дестина лица, кои имале контакт со жената.

Кои се симптомите на конго-кримска хеморагична треска

Должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот, појаснија од МЗ.

По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена.

Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни.

Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението.

Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот.

Закрепнувањето е бавно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Болничарката со конго-кримска хеморагична треска засега во стабилна состојба, 11 лица со кои контактирала под 14 дневен надзор

Без паника, не очекуваме повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина, вели Мехмедовиќ

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е јавниот обвинител или обвинители со кои „рекетирале“ Боки13 и Кичеец?

Редакција

Тодоровиќ за „Македонско село“ треба да плати 43.000 евра и да ја подмири киријата за следните шест месеци

Редакција

Советот на Град Скопје без одлука за проблемот со приватните автобуски превозници

Редакција