еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

27-годишна жена од штипско починала откако ја каснал крлеж, неколку дена откако ѝ го извадиле дома

27-годишна жена од с. Кучица, Штип починала откако ја каснал крлеж, информираше директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети.

Тој додаде дека на 27 јули во лабораторијата за вирусологија бил докажан причинител на конго-кримска хеморагичка треска кај пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

„Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица, Штип која поради брзо прогредирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип.

Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појава на симптоми, неколку дена по каснувањето, најпрво била хоспитализирана во Штип, а потоа во Скопје“, истакна Мемети.

Тој додава дека имајќи предвид што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице, се пребарале сите контакти во семејството, во болницата и во Итната медицинска помош во Штип, при што сите земени материјали биле негативни.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За неколку дена продолжен зимскиот распуст за учениците

Редакција

Левица поднесе кривична за ширење омраза и подбив на македонскиот народ против претседателот на клубот “Ванчо Михајлов“ во Битола

Редакција

Нови тужби против Бугарија пред судот за човекови права во Стразбур од ОМО „Илинден“

Редакција