еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Левица поднесе кривична за ширење омраза и подбив на македонскиот народ против претседателот на клубот “Ванчо Михајлов“ во Битола

Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Битола, поднесе кривична пријава против претседател на здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, информираат од партијата.

„Пријавениот се терети дека извршил стек на кривичните дела „Излагање на подбив на македонскиот народ“ и „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, бидејќи: најпрво, во својство на овастено лице – претседател на здружението, умислено во просториите кои ги користи здружението во јасно воочлив голем формат дозволил да биде истакнат цитат од Ванчо (Иван) Михајлов, со навредлив јазик кој директно, намерно и недозволиво, а со цел провокација се врши негирање и излагање на подбив на македонскиот народ.

Преку дискриминаторската содржина на објавен Фејсбук статус, пријавениот предизвикал разгорување чувство на омраза и нетрпеливост, директно навредувајќи го и омаловажувајќи го македонскиот народ и држава, преку задавање континуитетски граници на постоење на македонскиот народ од 1945 година, па навака, а занемарувајќи го неговото вековно постоење пред тоа.

Со промовирањето на дискриминаторскиот став на контроверзен фашистички колаборационист, близок соработник на фашистичките структури за време на втората светска војна, намерно е изигнориран и изложен на подбив антифашистичкиот карактер на македонската држава, како еден од најважните идеолошки симболи на македонскиот народ.

Пријавениот, сето ова бил должен и морал да го знае, поради што произлегува дека неговото преземено дејствие е целосно свесно и со зла намера да се разгори чувство на омраза и нетрпеливост преку негирање и излагање на подбив на македонскиот народ“, велат од партијата.

Фото: Културен центар Иван Михајлов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 531 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

„Ај аирлија уште едно вето“: Твитер реакции за одлуката на Холандија да стопира проект за Судскиот совет

Редакција

Сослушани вешти лица за случајот „Софтвери“, судењето продолжува на 22 февруари

Редакција