еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Хрватски фудбалски навивачи на Динамо во Атина убија 29-годишен навивач на АЕК

Хрватски хулигани, навивачи на фудбалскиот тим Динамо од Хрватска, синоќа во инцидент со навивачи на грчкиот фудбалски клуб АЕК во Атина, убија 29-годишно момче, навивач на грчкиот клуб, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

На хрватските хулигани им се придружиле и фанови на грчкиот фудбалски клуб Панатинаикос, ривал на АЕК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) По повеќе прободи со нож, хрватските хулигани продолжиле да го тепаат и газат убиениот навивач на АЕК

Како што јавуваат грчките медиуми и друг навивач е во тешка и животно загрижувачка состојба, а повредено е и 12-годишно девојче.

Тамошните медиуми објавија дека хрватските хулигани ги нападнале навивачите на АЕК, но и граѓани кои седеле во кафулињата во близина на стадионот на АЕК во населбата Неа филаделфија во Атина.

Натпреварот меѓу двата тима во рамки на Лигата на шампионите треба да се игра денеска, а навивачите на Динамо од претходно имаа забрана да присуствуваат на мечот. Но, и покрај тоа тие дошле во Атина и веднаш се упатиле пред стадионот на АЕК, кој бил затворен, по што предизвикаа серија инциденти.

Според последните информации грчката полиција уапсила 96 лица од кои 82 се Хрвати.

Видео: Твитер/Hooligantz.cz

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Данска е светски првак во ракомет

Редакција

СДК: Натепаниот секретар на бугарскиот клуб минатиот декември бил фатен со кокаин, го натепале лица повеќе пати пријавувани за нарушување на ред и мир

Редакција

Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, велат од УЈП, под лупа и други маркети

Редакција