еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владејачките партии нудат манифест за преговори со ЕУ, што пишува во него?

Владејачките партии нудат манифест за преговори со Европската унија и велат дека тој бил добра основа за градење единство околу иднината на земјата, а со него Собранието ќе ги дефинирало рамките на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ.

Во Манифестот меѓудругото се повикува на прифатените заеднички европски вредности кои произлегуваат од Копенхашките критериуми, Процесот за стабилизација и асоцијација, преговарачката рамка, а сè со цел што поквалитетно завршување на преговарачкиот процес и побрз влез во ЕУ.

„Со предлог Манифестот, изјавуваме дека ќе се залагаме за реализација на сите обврски кои произлегуваат од политичките критериуми за членство во ЕУ, меѓу другото и околу унапредување на добрососедските односи, заштитата на основните човекови права, правата на заедниците, но и усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ со фокус на владеење на правото, борбата против корупцијата и функционирањето на демократските институции“, пишува во него.

Исто така, меѓудругото, се задолжува Владата доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на заедниците, како елементи за кои не се преговара со Европската унија, наведувајќи дека Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка.

Иницијатори на манифестот се: Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Демократската унија за интеграција, (ДУИ), Aлијансата за Албанците (АА), Либерално-демократска партија (ЛДП), Нова социјал-демократска партија (НСДП), Демократската партија на Албанците (ДПА), Партијата за движење на Турците (ТХП), Демократската партија на Турците во Македонија (ТДП), Демократска обнова на Македонија (ДОМ), ВМРО-Народна партија (ВМРО-НП), Партијата на пензионерите (ПП) и Партијата на Србите.

Целиот манифест ОВДЕ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) Објавено видео од убијците на грчкиот новинар Јоргос Карајваз

Редакција

(Вознемирувачко видео): Што открија Асанж и Викиликс: Како американската војска уби новинари и цивили

Редакција

Брисел ја поздрави одлуката на Собранието за заклучоците за францускиот предлог

Редакција