еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Мизерија: Бранителите кои беа убиени кај Карполак се уште немаат споменик

На десетте македонски бранители кои го дадоа својот живот за Македонија за време на воениот конфликт во 2001 година и по 22 години споменик им е банкина.

Кај Карпалак на денешен ден од терористичката УЧК беа убиени бранителите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, која денеска им одаде почит пред банкината на прашање за изградба на споменик, информираше дека уште денеска Министерството ќе испрати барање до Општина Желино за подигнување на спомен обележје.

„Овие луѓе го дадоа најскапоценото, својот живот, за нашата татковина и како министерка за одбрана сметам дека заслужуваат достојно спомен обележје со кое нема да ги вратиме назад, но ќе имаме место каде достојно ќе оддаваме почит.

Денеска во текот на денот, во Општина Желино, која е надлежна општина, како што направив и за Вејце, ќе испратам барање да биде дозволено тука да се изгради достоен споменик, а се разбира Министерството е подготвено тоа да го реализира“, рече министерката.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

390 од починатите од Ковид-19, починале надвор од болница

Редакција

„Виста груп“ го доби тендерот на МЕПСО за набавка на АМР/МДМ систем вреден 411.000 евра

Редакција

Средните училишта во Тетово и Гостивар ќе почнат со онлајн настава, основните со физичко присуство

Редакција