еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Најчитани на еМагазин за 2021: Ако се престане со вакцинирање со кинески вакцини, а немате други ќе биде катастрофа, вели доктор Пановски

Микробиологот д-р Никола Пановски за Топ тема на Телевизија Телма, изјави дека доколку во Македонија се престане да се вакцинира со кинеските вакцини, а немаме други, ќе биде катастрофа.

Јагмата во јавноста со кинеската вакцина „Синофарм“, со која досега се вакцинирани најмногу граѓани во земјава, настана откако беше објавено истражување во соседна Србија, кое покажа дека 20% од ревакцинираните граѓани со оваа вакцина не развиле антитела, а најголем број од нив се на возраст од над 70 години.

Пановски во Топ тема посочи дека проблемот е што се уште нема доволно истражувања за кинеските вакцини, но и дека сепак е добро да се продолжи со вакцинација со тоа што го имаме, подвлекувајќи дека допрва во земјата треба да пристигнат 500 илјади вакцини од другата кинеска вакцина, „Синовак“.

“До крајот на летово ќе немаме други вакцини за да можат граѓаните да избираат. Летово ќе избираме помеѓу „Синофарм“ и „Синовак“, додека тие од „Фајзер“ се веќе избрани. И со кинеските ќе постигнеме колективен имунитет…

Не постои вакцина за грип со ефиканост повеќе од 60%. Научниците се задволни и со 40%“, рече тој, подвлекувајќи дека е проблем граѓаните сами да одлучуваат за изборот на вакцина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14,3% од оздравените од Ковид-19 во Македонија биле хоспитализирани

Редакција

Убава вест: Оздравени 156 болни од Ковид-19

Редакција

(Видео) Снимка од дрон од Мариупол сведочи за ужасот на војната во Украина

Редакција