еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

Во Македонија за сега има девет лица кои се заразени со корона вирусот. Никој неможе да предвиди што ќе се случува наредните денови, недели, месеци…, па затоа е важно да знаете како да се заштите од овој вирус и да знаете да ги препознаете симптомите.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ?

Она што ги комплицира работите за овој нов вирус е дека има слични симптоми на грип или настинка.

Според Светската здравствена организација (СЗО) симптоми кои можат да алудират дека можеби сте заразени со корона вирусот се висока температура, проследена со сува кашлица, главоболка, мускулна болка и замор.

„Ќе почувствувате дека вашето грло е суво, а симптомите ќе траат 3 – 4 дена.

Вирусот потоа ќе се спои со назалната течност, ќе продре до душникот и ќе влезе во белите дробови. Овој стадиум трае од 5 – 6 дена.

Воспаление на белите дробови, висока температура и отежнато дишење се симптомите кои исто така укажуваат дека сте заразени со овој вирус“, посочуваат експертите.

По една недела, настапува недостиг од здив, а кај некои пациенти е потребно болничко лекување.

Според СЗО периодот на инкубација – помеѓу заразувањето и појавата на какви било симптоми – трае до 14 дена, но некои истражувачи велат дека тој може да трае дури 24 дена.

Вирусот може да остане активен во организмот 6 – 12 часа.

Најпогодени се постарите лица и оние со хронични заболувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои хронично болни лица треба посебно да бидат претпазливи на корона вирусот и ослободени од работа

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ?

Според препораките на СЗО оваа се начините како да се заштитите:

Мијте ги рацете – сапунот или гелот за раце можат да го убијат вирусот.

Покривајте ги устата и носот при кашлање или кивање – најубаво со марамче – и потоа измијте ги рацете, за да спречите ширење на вирусот.

Избегнувајте допирање на очите, носот и устата – ако вашите раце допираат површина загадена од вирусот, тоа може да го внесе во вашето тело.

Не се приближувајте до луѓе што кашлаат, киваат или имаат температура – тие во воздухот може да распрснат мали капки што го содржат вирусот – идеално, држете се на 1 метар од нив.

Погледете го и видеото направено во соработка со СЗО на македонски јазик, во кое можете и сликовито да видете како се пренесува вирусот:

Како се пренесува КОВИД-19 и како да се заштитите?

Како се пренесува КОВИД-19 и како да се заштитите? Споделете го видеото од Светската здравствена организација.

Posted by Венко Филипче on Среда, 11 март 2020

ШТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ

Вообичаени средства за миење на рацете можат да го убијат вирусот.

Зимската облека која што не е потребно секојдневно да ја перете треба да ја проветрувате надвор затоа што сончевите зраци го уништуваат вирусот.

Дискутабилно е дали овој вирус умира на повисоки или екстремно пониски температури, што е типично за многу вируси.

Пијте многу топли напитоци, како што е чајот. Не е тоа лекот, но добро е за вашето тело.

Пиењето топли течности е ефикасно и ги уништува сите вируси во вашето тело. Обидете се да не пиете ладни напитоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Важно ако одите или пристигате: Кои држави спаѓаат во високоризични и средноризични за корона вирусот

МОЖЕ ЛИ КОРОНА ВИРУСОТ ДА СЕ ЛЕКУВА

За корона вирусот се уште нема лек и вакцина.

Во моментов, лекувањето се состои од основните работи – одржувањето на телото на пациентот, ако треба и со апарати за дишење, сè додека неговиот имунолошки систем не успее да се избори со вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Би се самоизолирале ли поради корона вирусот?

КАДЕ ДА СЕ ОБРАТИТЕ АКО СМЕТАТЕ ДЕКА ГИ ИМАТЕ СИМПТОМИТЕ

На овие телефонски броеви можете да се обратите ако мислите дека ги имате симптомите на корона вирусот:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП

Редакција

Затворот Скопје вработува пет лица, плата до 35.872 денари

Редакција

Анета Симеска Димоска именувана за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат

Редакција