еМагазин
Image default
Македонија

Коалицијата „За обнова на Македонија“ ги претстави кандидатите за пратеници во Македонската филхрамонија

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ вечерва во Македонската филхармонија на конвенција ги претставија кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори.

Пред присутните се обратија лидерот на партијата Христијан Мицкоски и носителите на кандидатските листи во шестте изборни единици.

„Македонија заслужува обнова. Обнова на системот на вредности, обнова во секоја сфера од нашето општество, обнова во секој град и село, обнова која носи убави нешта за работниците, земјоделците, стопанствениците, пензионерите, невработените, младите и старите, мажите и жените, сите оние кои денес заедно со нас на нозе се креваат, креваат глава гордо и високо, и се исправаат“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, обраќајќи се на вечерашната конвенција.

Истакна дека нивната победа е обновата. Обнова, додаде, која ќе донесе повеќе за секого, повеќе правда, повеќе вредности, принципи, работа, повеќе пари, повеќе здравје, повеќе среќа, ред, сигурност и насмевки на лицата на нашите граѓани и верба дека ќе успееме.

Гордана Силјановска, носител на кандидатската листа во ИЕ 1, се заблагодари за повторното разбирање за некој кој е натпартиски.

„Мислам дека критиката е здрава работа. И она што ме израдува овој пат е кога на листата видов луѓе за кои не знам, не сум чула, прашував, но дознав дека се почитувани во средината и во професијата“, рече Силјановска, која додаде дека му порачала на лидерот на партијата Мицкоски дека мора да направи влада што ќе личи на него, влада што ќе биде како експертска, влада во која ќе седат луѓе кои во професијата се препознаени и знаат што да прават, влада помала од оваа, мора да побарате сами да одговарате на пратенички прашања еден ден во неделата, тоа одамна не сме го виделе.

Игор Дурловски, како носител на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 5 порача дека задача на сите е да се борат за вистинска слобода на македонскиот народ и на сите останати во Република Македонија.

„Ако сме тука за да ги браниме нашите принципиелни ставови, да се бориме за Македонија, за вистински вредности, тогаш да го направиме тоа сега, силно, здружено. Сигурен сум дека ќе работиме тимски, ќе го вреднуваме заедничкиот труд, ќе ја вложиме целата енергија за победа на овие избори“, рече Дурловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги утврди кандидатите за пратеници: Гордана Силјановска и Игор Дурловски меѓу носителите

МИА/Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата да престане да ги третира учениците како експериментални глувци и да го врати предметот историја, велат од Демократски сојуз

Редакција

МВР: Дојавите за експлозивни направи во седум училишта се лажни

Редакција

Македонија исчезнува: Застрашувачки пад на бројот на живородени

Редакција