еМагазин
Image default
Македонија

Ефтов: Името „Северна Република Македонија“ не значи трајно решавање на македонското прашање

Васко Ефтов, новинар и директор на ТВ Алфа, во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа, рече дека името „Северна Република Македонија“ не е за долгорочно решение.

„Дали не ви е чудно дека целото сегашно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не е член на Парламентот. Ни Христијан Мицкоски, ни Јанушев, ни Александар Николовски. Ниту еден од најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е во парламентарните клупи. Тоа значи дека некој стратешки можеби размислувал, тие луѓе да не бидат изгорени при гласање во Парламентот на уставни измени во Република Македонија“, рече Ефтов.

Според Ефтов, името „Северна Македонија“ нема да биде долгорочно решавање на македонското прашање.

„Име „Северна Македонија“ не значи трајно решавање на македонското прашање. Име „Нова Македонија“ би било трајно решавање“, рече Ефтов.

Фото: Ефтов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем раст: 219 нови случаи на Ковид-19 од 4.713 тестирања, во Скопје и Тетово по 65

Редакција

Таравари по средбата со Ковачевски: Засега не се разговара за влез во Влада

Редакција

Кардиоваскуларна болест имаат најголем дел од заболените од Ковид-19 во Македонија

Редакција