еМагазин
Image default
Македонија

Куновска: Заев да си замине веднаш од СДСМ и премиерската функција, за него нема повеќе место во нашите животи

Во врска со интервјуто на Зоран Заев, на Фејсбук се огласи и поранешната пратеничка на СДСМ, актерката Софија Куновска.

„Зоран Заев, заедно со своите најблиски соработници, треба да замине веднаш од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и од фунцијата премиер на Република Северна Македонија.

За нив нема повеќе место во нашите животи. Тоа може да го разберат веднаш и да заминат, посрамотени со наведната глава или можат да чекате (читај да се дозбогатат) да украдат уште некое време и да го чекаат денот кога ќе стигне казната од граѓаните.

Во историска смисла, оваа отсечка ќе биде еднакво грозна како и владеењето на Никола Груевски и неговиот режим. Тој драматично ја уназади цивилизациски, поточно економски, образовно, културно, а особено идентитетски барајќи ги корените кај Хунзите и Александар Велики.

Оваа гарнитура продолжува со истиот идентитетски инженеринг но во спротивната насока, трампајќи ги вистинските корени, со сосед со јасни вековни аспирации, за трговска зделка, онеспособувајќи ги на дневна основа, заради својата неспособност, сите витални системи на државата.

Патем оваа карикатура од премиер е најсрамотната презентација на нашата држава, на меѓународна сцена, за која паметиме.

*Бидејќи не заслужуваат повеќе, во оваа прилика во фуснота само сакам да посочам уште некоја дилема:

1.Навистина ли мислат платениците од медиумите дека и ова ќе им го голтаат граѓаните? Имаат ли лимит?

2.Посебно сум љубопитна, дали по се ова ќе има трансформација на досегашната соработка на бизнис-комитите од ВМРО со актуелниот премиер„, напиша таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранко Црвенковски го замрзна членството во СДСМ: Бара партијата да се дистанцира од Заев

Поранешниот претседател Иванов: Сведоци сме на национално предавство

Заев направи мал чекор во вистинската насока, ако се продолжи вака, следната година може да зборуваме за старт на преговорите, порача Каракачанов

Фото: Куновска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Нема присуство на вирус на западнонилска треска кај двата сомнителни случаи

Редакција

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција