еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бранко Црвенковски го замрзна членството во СДСМ: Бара партијата да се дистанцира од Заев

Поранешниот претседател на Македонија и основачот и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски јавно се обрати до раководството и членовите на СДСМ со барање да се дистанцираат од последното интервју на премиерот Зоран Заев.

Неговото обраќање Ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани сопартијци, во изминативе 7 години се решив да не бидам на било каков начин присутен во политичката јавност во Македонија.

За таквото однесување имав повеќе причини, а во оваа прилика ќе ги споменам двете најголеми. Додека СДСМ беше во опозиција и водеше тешка битка со режимот, не сакав на било кој начин да давам дополнителен повод за напади кон раководството на СДСМ, дека се мои марионети или дека спроведуваат политики под мое влијание. Сакав партијата да биде ослободена од било какво бреме од претходните владеења на СДСМ со државата.

Во периодот после формирањето на Владата на чело со СДСМ, не излегов во јавност за да не се доведам во ситуација да се конфронтирам или јавно да критикувам некои политики и постапки на мојата партија. А такви ситуации имаше во повеќе наврати.

Таквиот мој став ќе продолжеше и во иднина ако не се случеше скандалозното интервју на премиерот и претседател на нашата партија Зоран Заев.

Ставовите и тезите искажани во тоа интервју предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава.

Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв.

Се обраќам до вас почитувани сопартијци за да ви укажам на посебната одговорност што ја има нашата партија. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата.

Реакциите на пооделни видни членови во медиумите и на социјалните мрежи се добредојдени, но не и доволни.

Затоа, почитувани мои сопартијци, повикувам под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ.

Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизрање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ.

Почитувани сопартијци,

До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, пишува Црвеновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борците од НОБ навредени од Заев и од омаловажувањето на нивната борба

Бранимир Јовановиќ до Заев: Не да изрази жалење за интервјуто, туку да се извини

Заев жали за негативните реакции за контроверзното интервју

Ден што ќе се памети: Корона, Марадона и Заев

Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои кандидати најдобро котираат на листата за нови членови и претседател на Антикорупциска

Редакција

Во светот од Kовид-19 починаа најмалку 840 новинари, најголем број од крајот на Втората светска војна

Редакција

Лани, цените на сите енергенси го достигнаа историскиот пик, вели Бислимоски

Редакција