еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ден што ќе се памети: Корона, Марадона и Заев

Речиси незабележано помина вчерашната вест дека во Македонија во еден ден починале 39 лица од компликации поврзани од корона вирусот. Како веќе да навикнавме дека тоа е нормална работа и еве веќе цела година чекаме вирусот да помине.

Но, состојбата е далеку од нормална, а носителите на политики треба да преземат одговорност за катастрофалниот црн биланс и се поголемиот број заразени.

Тие мора да објаснат зошто Македонија во првичниот налет на вирусот користеше многу порестриктивни мерки за негово сузбивање со образложение дека тие се неопходни, а сега кога луѓето умираат како да е војна и кога капацитетите на здравствениот систем се исцрпени се уште се води релативно лабава политика.

Веста за 39. починати македонски граѓани очигледно ја засени интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската БГНЕС кое што предизвика лавина реакции во јавноста главно поради ставот дека Бугарија не била дел од фашистичката оска за време на Втората светска војна, односно дека веќе се тргнати табли во земјава каде што пишува бугарски фашистички окупатор.

Заев во интервјуто се обиде несмасно да објасни дека на почетокот имало некоја администрација, но дека подоцна Бугарија станува дел од антифашистичкиот фронт. Рака на срце, тоа е можеби точно, но слободното толкување на историјата, која е наука базирана на факти, за кои постојат видеа, фотографии и најважно од се живи сведоштва за улогата на бугарската војска во окупацијата на Македонија разбуди сомнежи и гнев кај огромен број македонски граѓани.

Да не беше катастрофалната состојба со Ковид-19 и новото распламтување на обидите за ревидирње на историските факти на Балканот, во текот на вчерашниот ден најверојатно многу повеќе внимание ќе добиеше заминувањето на легендарниот Марадона, личност која остави ненадминлив белег во фудбалот и во спортот воопшто. Освен по спортските успеси, тој ќе остане запаметен поради неговата бунтовна природа и отвореното залагање против неправдите во светот, што го направи идол на многу генерации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Од песната „Ние не сме Срби, Бугари ни Грци“ ќе остане само “Ние не сме““: Твитер реакции за интервјуто на Заев

Почина легендарниот фудбалер Марадона

Починаа 39 лица од Ковид-19, најмногу од Скопје 16

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што изјавија при гласањето Силјановска Давкова, Пендаровски и Иванов?

Редакција

Нови 55 случаи на Ковид-19, 61 оздравен, нема починати

Редакција

(Фото+Видео) Шар Планина ќе остане без дрвја додека државата ја прогласи за Национален парк

Редакција