Министерството за труд и социјална политика ги повика работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.
Високите температури над 40 степени продолжуваат и од денес, па остануваат да важат препораките најранливите категории да се ослободат од работа. Високи температури се очекуваат и во наредните 10 дена.
Владата препорача ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, чии работни ангажмани не е можно да се спроведат преку онлајн работа таму каде техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа, во установите за згрижување на децата (градинки) и да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
МИА/Фото: Unsplash