еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министри од Германија, Франција и Полска денеска во Скопје, за да не убедуваат за уставните измени

Денеска во Скопје за да не убедуваат за уставните измени доаѓаат министрите за Европа на Германија, Франција и Полска.

Во Скопје доаѓаат министерката за Европа на Сојузна Република Германија, Ана Лирман, државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, познати како „Вајмарска тројка“, а домаќин ќе им биде вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Како што информираа од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Маричиќ ќе одржи работен состанок со „Вајмарската тројка“, а тема на разговор ќе бидат преговорите со ЕУ, со фокус на исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка и забрзувањето на евроинтеграцискиот процес, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.

Во рамки на посетата „Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи.

Како што е најавено, утре Лирман ќе учествува и на настанот на тема: „Подготовка за проширување на ЕУ“, што го организира СЕП, во соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ).

Претходната недела за истата цел беа шефовите на дипломатиите на Австрија, Чешка и Словачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо гаранции, предупредување од ЕУ за изолација на Македонија ако не ги усвои уставните измени

Ивор Мицковски: Пресмешни се европските предупредувања за изолација

Твитер реакции за предупредувањето од ЕУ за изолација ако не се усвојат уставните измени

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) РЕК Битола прави набавка од фирма на директор на ТЕЦ Неготино, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Јавниот обвинител Јовески: Парите во „Рекет“ се давани во кеш во два наврата, знаеме од кои сметки се обезбедени

Редакција

15 лица го прекршиле полицискиот час, 480 казни за неносење маска

Редакција