еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Наместо гаранции, предупредување од ЕУ за изолација на Македонија ако не ги усвои уставните измени

Шефовите на дипломатиите на Австрија, Словачка и Чешка се последните “месаи“ од ЕУ кои дојдоа во Македонија за да ни кажат да ги усвоиме уставните измени, по буквално исто сценарио како на времето за промена на името на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако нема уставни измени, на Македонија и се заканува изолација, порачаа од ЕУ

Тогаш велеа сменете го името и готово. Ама после Франција измисли нов услов, па кога заврши таа приказна „улета“ непријателскиот источен сосед и пак се заплетка работа. Така да не треба да си нешто посебно паметен дека кога е во прашање ЕУ, и ако и оваа се заврши, дека нема да „улета“ некој трет со некој нов измислен услов.

И самите сто пати кажаа дека нема никакви гаранции дека тоа нема да случи. И идеално да е во Македонија, пак ќе и најдат нешто. А многу далеку сме од идеалното.

Истото го повтори вчера и чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски, кој рече дека ќе направеле сè за да се спречат барања на билатерална основа, но и дека не постои начин некој со сигурност да каже дека тоа нема да се случи, одговарајќи на новинарско прашање за можноста за нови блокади од Бугарија за македонските евроинтеграции.

„Мислам дека е очигледно и јасно дека процесот на проширување на ЕУ бара консензус од сите земји членки на ЕУ и никој не може да го исклучи влијанието на домашната политика. Ова е реалноста, ова е како функционираат работите“, рече тој.

Истите дипломати, недипломатски, ни кажаа дека ако не сме ги усвоиле уставните измени ќе не изолирале.

Па нели партнери ни беа? Така ли се однесува партнер? Со закана. Со уцена. Не третираат како мали деца, а не како независна држава, која историски напатила баш од земји членки на ЕУ, и уште пати. Ако не ме слушаш, ќе ти ја земам играчката.

Многу контрадикторно.

Уште поконтрадиктирно е дека „успут“ велат дека не ни се мешале во внатрешните работи, ама бараат да го смениме Уставот. Се слушаат ли што зборат?

И што е најпоразително од се е дека сето тоа го прават поради војната во Украина, не оти им дошло до Македонија, туку оти нивниот интерс е загрозен.

И после се чудат зошто никој одамна не и верува на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер реакции за предупредувањето од ЕУ за изолација ако не се усвојат уставните измени

Ивор Мицковски: Пресмешни се европските предупредувања за изолација

За Мицкоски е навреда ако тројцата дипломати од ЕУ дошле во Македонија само за уставните измени

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 225 оздравени пациенти од Ковид-19, од Скопје дури 146

Редакција

На Попова Шапка има снег за скијање

Редакција

Кои се носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори

Редакција