еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ивор Мицковски: Пресмешни се европските предупредувања за изолација

На својот Фејсбук аналитичарот Ивор Мицковски го коментираше предупредувањето од можна изолација од ЕУ, ако Македонија не ги усвои уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако нема уставни измени, на Македонија и се заканува изолација, порачаа од ЕУ

-Пресмешни се европските предупредувања за изолација.

Никогаш оваа земја немала поголема дискрепанца помеѓу надворешната позиција и внатрешната реалност.

Народот, напредокот и иднината на луѓето дома е во перманентна изолација.

Се нема пари, се нема слобода, се немаат можности, се нема правда, се нема среќа.

Видете го контрастот од нашиот премиер во Вилнус и нашите состојби дома, втори по ужас после разочараниот Зеленски.

Ни горат институции, ни смрди секојдневието, криминал и корупција цвета, 1% од популација има да јаде и да живее, власта фаворизира токсичен бизнис и урбанизација без контрола, партизацијата и негативната селекција незапирливо го уништуваат човечкиот капитал, ги губиме и она малку пари на погрешни инвестиции, луѓе и одлуки.

Четврт држава е во Хрватска да заработи нешто за зимата, друга четвртина е избегана засекогаш, останата половина животари во депресивна средина.

Не не ј…е со изолација, ние секоја година сме се поизолирани дома затоа што фаворизирате и толерирате коруптивни и криминални коалиции кои немаат ништо да понудат, освен сиромаштија и селење.

Изгуби смисла и ЕУ напредокот, кога служи само за геополитички цели и големи слики, а нашите ситни животи не вредат пет пари.

И кога тоа евентуално ќе бидне, ќе биде за последните што останале нормални и здрави, да побегнат од несреќата.

Така да, џабе не плашите со изолација, ние одамна сме изолирани во главите и во реалноста, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер реакции за предупредувањето од ЕУ за изолација ако не се усвојат уставните измени

Наместо гаранции, предупредување од ЕУ за изолација на Македонија ако не ги усвои уставните измени

За Мицкоски е навреда ако тројцата дипломати од ЕУ дошле во Македонија само за уставните измени

Фото: Фејсбук/Мицковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Зоолошка градина угина и третиот коњ од Монголија, се врши истрага за причините

Редакција

(ВИДЕО) ЦК на ВМРО-ДПМНЕ поради силна соработка со Заев го разреши потпретседателот Митко Јанчев

Редакција

Свиркачите Лазаревски и Костовски вратени на работа во МВР

Редакција