еМагазин
Image default
Македонија

Готов е Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела

Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов и деновиве се очекува да го разгледаат четирите пратенички групи, по што ќе биде процесуиран во Собрание.

Предлогот на министерот за правда Кренар Лога начелно е прифатен од сите фактори и пратенички групи во земјава, соопштија на Фејсбук од Министерството за правда.

Од овој закон, како што се наведува, корист ќе имаат многу граѓани на кои ќе им се даде дополнителна можност за ресоцијализација.

– Предлогот доаѓа по успешната амнестија на лицата кои сториле прекршоци за време на ковид пандемијата. Целта на законот е да нема пренатрупаност во затворите и драстично да се ослободат затворските капацитети, со што ќе се создадат оптимални услови за другите затвореници, стои во објавата на Министерството за правда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 6 лица од Ковид-19 од Скопје, Прилеп, Охрид и Штип

Редакција

Влошена состојбата на родилката од Куманово која е заболена со коронавирусот

Редакција

Бугарското МНР загрижено за ставови на македонски политичари кои се „спротивни на позитивната клима“

Редакција