еМагазин
Image default
Македонија

Влошена состојбата на родилката од Куманово која е заболена со коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека на
Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа се примени четворица пациенти.

Моментално се хоспитализирани вкупно 67 лица од кои шест се на механичка вентилација, 12 се со потешка клиничка слика, а за жал има влошување на состојбата и на родилката од Куманово.

Филипче рече дека таа се уште е респираторно самостојна, меѓутоа има значајно полоша клиничка слика и радиографски наод на белите дробови и дека интензивно се следи нејзината состојба.

Во градската општа болница „8 Септември“ во Скопје хоспитализирани се 19 пациенти од кои тројца се на респираторна машина, а девет со потешка клиничка слика.

Вчера, во клиничката болница во Битола пристигнале сите пациенти од болницата во Охрид.

“Сега таму ќе се лекуваат како центар кој е регионален за третман на сите пацинети од овој регион имајќи ја предвид добрата инфраструктура, физички одделеното одделение за инфективни болести од зградата на болницата и доволниот број на инфектолози и анестезиолози доколку затреба поддршка во смисла на интубација и респираторна машина“, рече Филипче.

Во Штип се хоспитализирани четворица пациети – еден со средно-тешка клиничка слика и тројца со лесна клиничка слика.

“Во Скопје на Клиниката за дигестивна хирургија еден од среднотехничкиот персонал практично кажал дека има заболени во семејството, се уште непотврдени за коронавирусот.

Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат сите луѓе кои во изминативе два-три дена биле со него на работно место, се во автоизолација ставени и согласно резултатот од брисевите на вработениот и членовите на неговото семејство ќе се постапи понатаму со неговите колеги на работа, информира Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест од Дебар: Четири дена нема новозаразени со коронавирусот

Филипче нема информации за заболен политичар од корона вирус или некој од извршната власт

Вкупно заболени од корона вирусот 599: Нови 29 случаи, најмногу во Скопје и Куманово

БРАВО: „ИГМ Трејд“ од Кавадарци со 833.876 евра дава поддршка во борбата против корона вирусот

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во суд се слушат„бомби“ за „Траекторија“: Груевски барал во изградба на патишта да се вклучи и Ѕинго

Редакција

За Французите Договорот од Преспа нема никаква врска со проширувањето: Франција против отварање преговори со Македонија

Редакција

Турција очекува Македонија да протера лица и да затвори училишта поврзани со ФЕТО, која ја смета за терористичката организација

Редакција