еМагазин
Image default
Бизнис

Галеника: Одржлив деловен раст во првата половина од годинава и 47 нови производи во регионов

Фармацевтската компанија Галеника во првата половина од 2023 година бележи постојан раст во сите деловни сегменти на регионалните и меѓународните пазари каде работи, информираат од таму.

Галеника од почетокот на годинава има регистрирано дури 47 нови производи во земјите од регионот (Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија), додека во промет на овие пазари се пуштени 29 производи.

Покрај регионалните, компанијата работи и на 16 меѓународни пазари на три континенти. На пазарот во државите од ЕУ го зголеми извозот за 40% и каде лансираше 22 производи. Во споредба со првата половина од минатата година, за 7% зголемено е производството на асортиманот производи на Галеника.

Со стратешкото партнерство со сестринска компанија од Бразил – EMS, Галеника од почетокот на годинава успешно ја пренесе технологијата за шест производи од поновата генерација генерички лекови и започна со подготовки за уште пет.

„Во 2023 година славиме 78 години и силно сме фокусирани на иднината. Го интегрираме она што е највреднно од минатото и сегашноста, со целосна посветеност на инвестиции, иновации и одржлив раст. Квалитетот ни е на прво место – како во производите, така во сè што правиме.

Ние сме носители на 15 домашни и меѓународни GMP и ISO сертификати за највисоко ниво на стандарди за работење и за производство. Ние сме стратешки посветени на постојано проширување на нашето портфолио производи во корист на потрошувачите.

Препознатливоста на брендот, доверливоста и довербата во производите на Галеника ја пренесуваме на нови меѓународни пазари“, изјави Рикардо Виан Маркес, генерален директор на Галеника.

Имајќи ги предвид глобалните околности кои влијаат на фармацевтската индустрија, Галеника вложува значителни напори и успешно ја остварува мисијата за производство и дистрибуција на своите висококвалитетни производи во Србија и на извозните пазари, посочуваат од таму.

„Како резултат на претходни размислувања, внимателната анализа, планирање и ублажување на ризикот, компанијата обезбедува нејзините висококвалитетни фармацевтски производи редовно и во потребните количини стигнаат до аптеките и здравствените установи, за добробит на пациентите.

Со оглед на тоа што Галеника е дел од бразилската NC Group која работи на глобално ниво, преку соработка со колеги од Бразил, Индија и Кина, компанијата располага со напредни алатки, информации и можности кои овозможуваат подобар увид во глобалните настани и збиднуваа, кои со експертизата на експертите на Galenika во Србија и регионот, придонесува за деловен раст.

Одржливиот бизнис и заштитата на животната средина се високо на агендата на Галеника, која во првата половина на 2023 година ја исполни својата интерна цел и ја намали количината на создавање отпад за 35%, како и потрошувачката на вода за 5% во однос на истиот период во 2022 година.

Започнат е проект за целосно реновирање на постојниот внатрешен водоводен систем. Инвестицијата е вредна половина милион евра, со цел да се обезбеди максимална заштеда и минимална загуба на вода.

Поддршката на заедницата останува високо на приоритетната листа, додека компанијата ги проширува своите општествено одговорни проекти и иницијативи за подигање на свеста во земјите од регионот, каде годинава почна да работи“, велат од таму.

Фармацевтската компанија „Галеника“ е основана во 1945 година. Кон крајот на 2017 година, стана дел од NC Групацијата (www.gruponc.net.br), која ја вклучува и EMS – најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите фармацевтски компании во цела Латинска Америка.

Стратегијата на Групацијата е развој на Галеника како модерна и флексибилна компанија, насочена кон истражување и развој, која постојано работи на подобрување на своите производи за подобрување на здравјето и квалитетот на животот, на задоволство на корисниците, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 го доби тендерот на општина Радовиш за набавка на мобилна телефонија и интернет вреден 21.000 евра

Редакција

Убава вест: „Виз ер“ воведе нови авиолинии од Скопје до Баден-Баден и Бремен

Редакција

Промени во Управниот одбор на Сава пензиско друштво

Редакција