еМагазин
Image default
Бизнис

Жито Караорман со загуба во првото полугодие

Во првото полугодие од годинава Жито Караорман АД Кичево оствари загуба од 19.573 илјади денари, додека во истиот период од претходната година добивката беше 2.506 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.

-За шесте месеци од оваа година остварени се вкупно приходи во износ од 47.693 илјади денари и во однос на лани за истиот период се зголемени за 49,08 %. Вкупните приходи се остварени од домашен пазар.

Расходите за овие шест месеци оваа година изнесуваат 67.266 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се зголемени за 228,14%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кичевски „Жито Караорман“ откако го купи Селаудин Арифи доби нов Одбор на директори

Кој е Селаудин Арифи, кој го купи кичевски „Жито Караорман“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Водовод и канализација“ вработува, плата до 29.400 денари

Редакција

Продаден блок акции од Стопанска банка Битола за 58.000 евра

Редакција

Динерс Клуб Македонија – првата финансиска институција со одобрение за извршување платежни трансакции со платежни картички при Народната банка

Редакција