еМагазин
Image default
Бизнис

Битолски Транскоп со добивка во првото полугодие

Транскоп АД Битола во првото полугодие од годинава оствари добивка од редовното работење во износ од 8.194 илјади денари искажани во неревидираниот Биланс на успех, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи од работењето изнесуваат 57.570 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во истиот период од 2022 година бележат пораст од 38.94%.

Оперативните приходи во износ од 57.570 илјади денари учествуваат со 100% во вкупниот приход и бележат пораст од 45.95%, а од оперативните приходи најголемо учество имаат приходите остварени од основните дејности на Друштвото во износ 56.904 илјади денари.

Финансиските приходи учествуваат со 0% во вкупните приходи и истите бележат пад во однос на претходната година.

Вкупните расходи во износ од 49.376 илјади денари бележат пораст од 23.75% во однос на вкупните расходи во 2022 година.

Оперативните расходи во износ од 48.476 илјади денари бележат пораст од 22.84 % во однос на 2022 година.

Најголемо учество во оперативните расходи имаат трошоците за суровини и материјали (дизел гориво и резервни делови) во износ од 17.065 илјади денари, кои бележат пораст од 5.97% во однос на 2022 година“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битолски Транскоп лани со добивка и зголемени приходи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30%

Редакција

Платите скалесто да се зголемат или Синдикатот на УПОЗ ќе стапи во штрајк

Редакција

Растат трошоците на градежниците: Ќе има ли зголемување на цените на становите?

Редакција